Home / Култура / Божикен концерт на младинскиот женски хор „Стив Наумов“

Божикен концерт на младинскиот женски хор „Стив Наумов“

Заедницата на Хрвати од Македонија во Битола, во соработка со Католичката црква „Пресвето срце Исусово”, вечерва организираат традиционален божикен концерт.

На концертот ќе бидат изведени божикните песни од западниот и источниот обред, како и  божикни песни од другите народи, пригодни рецитали и изведби на Дарко Кулевски соло хармоника и Марија Чакулевска гитара и од Државното Музичко училиште во Битола.

Божикниот концерт ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето срце Исусово”, а меѓу другите ќе присуствува и Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македноја Киро Стојанов, соопштуваат од Заедницата на Хрвати во Македонија во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*