Home / Спорт / Бројни засилувања во РК Пелистер

Бројни засилувања во РК Пелистер

По релативно лошата сезона во која Пелистер остана без излез во Европа иако по првиот дел на сезоната беше на првото место, управата на клубот од Битола се реши за голем ремонт во клубот.

Па така веќе кон „зелено-белиот“ дрес пристапија петмина интернационалци. Нов голман ќе биде Харис Плех од Босна и Херцеговина кој  доаѓа од турскиот тим МЈК-Анкара а претходно настапуваше и за ХИФК Хелсинки , АЕК Атина и матичниот МРК Горажде.

На крилата ќе бидат двајца интернационалци од Црна Гора. На лево крило ќе биде Милан Поповиќ кој доаѓа од Унгарски Вац, додека на десно крило ќе биде Огњен Лековиќ кој доаѓа од Партизан Тиват.

На линијата ќе биде корпулентниот интернационалец од Иран, Мошен Карамани, додека играте ќе ја организира Марко Кобетиќ од Хрватска.

Во тимот останува и Грузиецот Реваз Чантурија, како и голманот Милош Рајчиќ со што јасно е дека „зелено-белите“ во новата сезона ќе имаат интернационален состав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*