Don't Miss
Home / Uncategorized / Бронзена плакета за Блаже Докуле на фестивалот во Струмица

Бронзена плакета за Блаже Докуле на фестивалот во Струмица

    
          Карикатуристот на Битолски весник, Блаже Докуле деновиве доби уште едно меѓународно признание .

          Имено деновиве Докуле на 20 меѓународниот фестивал на карикатура и афоризми што се одржа во Струмица, во конкуренција на голем број карикатуристи од многу земји во светот освои бронзена плакета.

          Наградата  на свечен начин му беше врачена на 11 март во Центарот за култура “ Антон Панов “

          Инаку на Фестивалот, кој се одржа во рамките на Струмичкиот карневал учествуваа афористичари од речиси сите  земји на Балканот и Русија.

          Афоризмите со кои конкурираа  кандидатите за признанијата беа шифрирани се со цел да се зачува реалното оценување.

          Ова е ретка прилика еден карикатурист да биде награден покрај за карикатура и за афоризми.

          Инаку првата награда на Фестивалот ја освои романскиот карикатурист Дору Аксинте,  а сребрената плакета му припадна на Бранко Зупаниц од Словенија.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*