Home / Вести / Букети свежи цвеќиња пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола

Букети свежи цвеќиња пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола

Делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење. Во чест на денешниот ден, почит одадоа и претставници на Сојузот на борци, политичките партии и други граѓански организации од Битола.

-Гоце Делчев, високо издигнувајќи го неговиот интернационален и космополитски поглед, преку неговата борба, идеали и пораки и денес ни дава поука, но и не обврзува на нашата голема должност да се грижиме за нашите вредности, да ги почитуваме традициите, да не дозволиме поделби и да го сочуваме македонското национално ткиво на достоинствен начин, истакна градоначалнкот на Битола, Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*