Home / Вести / Чествување пред споменикот на двата Илиндени

Чествување пред споменикот на двата Илиндени

                  

          Големиот макеоднски празник Илинден, градоначалничката на Битола Натша Петровска го одбележа со положување на букети свежи цвеќиња на споменикот на Илинден во црквата Св. Недела и споменикот  на НОВ и Револуцијата пред Центарот за култура.

          Чествувањето на големиот македонски празник Илинден, денес во Битола, започна пред Споменикот на илинденците, во Храмот „Света Недела“. Свежо цвеќе во нивна чест, положија градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и претставници од Советот на Општина Битола, како и претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

        Делегацијата предводена од Градоначалничката Петровска, а во придружба на Сојузот на борци од Битола, со положување на свежо цвеќе одаде почит и пред споменикот на двата Илиндени, пред Центарот за култура.

       По повод чествувањето на овој голем празник со двојно историско, општествено-политичко, но и исконско – верско значење за државата, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, порачува:

      „Нека ни е честит 2-ри Август, нека ни се вековити вредностите што овој ден ги носи со себе низ столетијата, вредности на почит, соживот, разбирање, слобода, творење и напредок“, истакна Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*