Home / Uncategorized / Чествување за бранителите кај Вејце

Чествување за бранителите кај Вејце

Со положување на букети свежи цвеќиња пред споменикот на бранителите, во дворот на СВР-Битола и споменикот “Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник, денеска во Битола беше оддадена почит на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година во тетовското село Вејце.

На спомен- обележјата, букети цвеќиња положи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и претставници од неколку граѓански здруженија. На чествувањето беше истакнато дека ова е тажен ден не само за бранителите од Битола, туку и за сите бранители коишто ја бранеа Република Македонија во конфликтот во 2001 година.

28042016172324_Вејце

-Има семејства како семејството на Марјан Божиновски, коишто сèуште не се обештетени, а неопхдно е донесувањена закон за бранителите – беше речено на комеморацијата.

Инаку, во Вејце на 28 април 2001 година од Битола загинаа четворица бранители: Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски.

И по петнаесет години, сèуште не е познато кој го изврши ова злосторство.

По заминувањето на делегацијата на МВР предводена од министерот Оливер Спасовски, почит на бранителите им изразија и членовите на Здружението “Бедем“.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*