Home / Вести / Чистење на акумулацијата “ Стрежево“

Чистење на акумулацијата “ Стрежево“

Вработените од ЈП “Стрежево” – Битола го одбележуваат светскиот ден на чистењето со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за пиење и технолошка вода на општините Битола, Новаци и Могила во сопствена организација, а во соработка со Здружението Go Green – Биди Зелен.

-Со акцијата дадовме свој придонес на најпозитивното граѓанско движење во светот, во борба против најзагрижувачкиот проблем во животната средина.Заклучокот е заеднички, сите да се вложиме максимално и да се вклучиме во зајакнувањето на граѓанската совест, како и пријавување на загадувачите на животната средина.

Апелираме до граѓаните, поединците, институциите дека мора да се почитува животната околина како и сите заедно да развиеме механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро и полесно да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад, с евели во соопштението од ЈП “ Стрежево “

Вработените во претпријатието денес беа само дел од огромниот број на волонтери и активисти во светски рамки, кои се здружија да исчистат милиони тони ѓубре, на сите континенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*