Home / Вести / Членството на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Талески

Членството на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Талески

Со транспаренти на кои пишуваше „Поддршка за Талески“ и „СЈО платеници“ денеска пред седиштето на ОК ВМРО–ДПМНЕ – Битола, се собраа граѓани кои дадоа поддршка за градоначалникот Владимир Талески.

petok.Still008-700x394

Тие порачаа дека Специјалното јавно обвинителство работи под директива на СДСМ и со притисок врз Кривичниот суд бил наметнат домашниот притвор на градоначалникот на Битола.

Партиските активисти на ВМРО-ДПМНЕ  пред просториите на Општинскиот комитет, излегоа со поддршка, за првиот човек на Битола, градоначалникот Владимир Талески.

-Давам поддршка на градоначалникот на Општината Битола Владимир Талески во конкретната ситуација, бидејќи методите на СЈО се репресивни- рече Наталија Кајчевска.
– Овде сме собрани за да дадеме поддршка на нашиот градоначалник Владимир Талески, зашто сметаме дека ова не е резултат на некои правни дејствија туку резултат на репресиите врз судството, овој пат од страна на СДСМ- рече Снежана Тасевска.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!