Home / Колумни / Манифестација која ги руши сите бариери

Манифестација која ги руши сите бариери

                

          Во петокот, на 22 февруари Битолски весник ја одржа својата 20 по ред, јубилејна манифестација “ Избираме најуспешни битолчани 2018”.

          Според сите присутни во салата “ Вавилон “,  како и гледачите  на ТВ “ Тера”, кои во живо, а подоцна и како снимка, можеа да ја следат Манифестацијата тоа беше незаборавна “Оскаровска” ноќ, каква што сме навикнале да гледаме при доделувањето на Оскарите во Холивуд.

          Иако сме длабоко  свесни  дека Битола не е Холивуд, а и Битолски весник не е ниту “Њујорк Тајмс”, или “Вашингтон пост”,   сепак годинашната манифестација на Битолски весник по ништо не заостануваше зад  познатите вакви, или слични светски настани.

          Иако кога пред 20 години почнавме со организацијата на Манифестацијата “Најуспешни битолчани”  како и многумина други, така и ние искрени да бидеме бевме  скептични  дека таа ќе трае толку долго. 

          На нашата благородна идеја и хумана мисла да ги наградуваме  (нај)успешните битолчани, кои со своите резултати ја одбележаа годината, многумина уште при организацијата на првата манифестација, пред точно 20 години ни возраќаа со опструкции, омаловажувања, игнорирања, подметнувања, лаги, измислици,шпекулации…

          Но ние бевме упорни и секоја наредна манифестација ја организиравме со уште поголем ентузијазам, самопрегор, чиста мисла и поквалитетно.

          Ги слушавме критките, забелешките, укажувањата.  Тие кои не  беа злонамерни ги прафаќаме, а тенденциозните и неконструктивните   ги отфрлавме.

          Многумина шпекулираа дека тоа се вмровски балови, а кога СДСМ ќе дојдеше на власт дека тоа се комунистички игранки.

          Но ние на  таквите злонамерни и  тенденциозни “критики” возвраќавме  дека Битолски весник, кој сите изминати 55 години е весник на битолчани, не организира на Комитска, ни Сина вечер, туку дека таа е Манифестација на битолчани, кои со своите успеси и резултати ја одбележале годината и се прославиле себеси, но ја афирмирале и Битола.

          Стоечки, како што сите овие 5,5 децении Битолски весник стои Простум ги издржавме сите такви напади. Не потклекнувавме  ниту тогаш кога само недела дена пред Манифестацијата на Битолски весник, некои други медиуми, со поддршка на претходната власт  ни организираа паралелна манифестација, со слично име, кога ни ги врбуваа некои од кандидатите за награди, музички групи, кога ги заплашуваа некои поединци или институции да присуствуваат на Манифестацијата…

          Во изминатите години не потклекнавме и кога некои, кои не ни мислеа добро, се обидуваа да ја минираат Манифестацијата со пријавување или поставување на “бомби “.

          Простум ги издржавме и опструкциите на претходната власт предводена од екс градоначалникот Владимир Талески, кога со декрет им нареди на сите негови поддржувачи да ја бојкотираат Манифестацијата со цел истата да престани да се организира.

          Дека некои поединци, или злонамерни луѓе не ни мислат добро ни нам, ни на  Манифестацијата, се уверивме и  за време на организирањето на годинашната Манифестација, кога со разни шпекулации  и конструкции се обидоа да ги  (раз)убедат  некои добитници да не присуствуваат на истата, поради тоа што наводно  имало  закани на некои Исис борци , или пак дека Манифестацијата наместо во Вавилон  ќе се одржи во други ресторани.

          Иако за секоја Манифестација, која Битолски весник ја организира сите овие 20 години мислиме дека е една од најдобрите, сепак според многумина присутни во “ Вавилон “ годинашаната ги надмина сите досегашни.

          Таа ќе остане запамтена по многу нешта, како по бројот на присутните,  по имињата на славодобитниците, како и по големиот гламур, кој беше присутен во салата.

          Дека манифестацијата на Битолски весник е по многу нешта единствена не само во Битла, туку и во државата, најдобра потврда е што годинава за да го добијат признанието директно од Лондон дојде добитникот во областа на културата, Петар Милошевски, или добитникот на признанието Гран При, Тома Фила, кој, иако во сериозни години, за Манифестацијата допатува од Белград, а почесниот конзул на Албанија во Битола, Имер Селмани, не удостои со своето присуство со тоа што допатува директно од Истанбул во Битола, а еден од редовните присутни гости на сите манифестации, за да присуствува на истата ја одложи веќе закажаната операција за тој ден.

          Дека Манифестацијата е прифатена од граѓаните  на Битола најдобра потврда е што иако со сериозна повреда на кичмата, буквално од постела да го прми признанието за трајни вредности дојде актерката Јоана Поповска, како и неколкумина добитници кои беа со  непрележан грип сепак собраа сили и дојдоа на Манифестацијата.

          На Изборот на  Битолски весник веќе неколку години со ред присуствуваат и гости од Шведска, а годинава во делегацијата беа и гости од Колумбија, Бразил, Индија, САД, Велика Британија.

          Нивното присуство за нас е најдобра награда и признание дека оваа Манифестација е општо прифатена и дека таа претставува вистински бренд не само на Битолски весник, туку и за градот Битола.

          Битолчани кои за разлика од некои имаат сосема други добранемерни чувства одамна ја прифатија истата и со право ја нарекоа ноќ на битолските Оскари.

           На оваа Манифестација во изминатите 20 години Битолски весник има доделено над 800 признанија.

          Кон оваа бројка во петокот се придружија уште триесетина добитници. Кај сите нив со доделувањето на признанијата забележавме огромна радост.

          Токму за нив и за сите наши поддржувачи кај кои предизвикуваме задоволство и радост со врачувањето на нашите признанија не тера да продолжиме понатму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*