Home / Uncategorized / Нова дограма за “Кузман Шапкарев“

Нова дограма за “Кузман Шапкарев“

  • Преку проект на УСАИД, средното оштинско земјоделско училиште„Кузман Шапкарев“ доби нова комплетна дограма. Со 101 парче надворешнаалуминиумска столарија, беа заменети досегашните прозорци. Учеството наУСАИД во проектот е во вредност од 1.335.047 денари. Општина Битола партиципираше и во овој проект за реновирање на едноод битолските училишта. Градоначалничката Наташа Петровска, при увидот воградежните работи во средното земјоделско училиште, посочи дека во дел одучилниците, каде што не било доволно постоечкото греење, општината, покрајпредвидените средства за овој проект, донирала и нови радијатори, со што епостигната соодветна температура за квалитетно одржување на наставата. Општина Битола со 175.600 денари, учествуваше во санација наоштетувањата околу прозорците, настанати при демонтажата на постоечкитепрозорци, со изведувачот Дон Хаус од Скопје. Раководството на училиштето посочи дека овој објект е еден однајстарите во градот во кој се изведува настава и се потребни многуинвестиции за да се средат комплетно сите училници. Исто така, одучилиштето ги најавија новите проектни активности за наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*