Home / Uncategorized / Оскаровска ноќ во “Вавилон”

Оскаровска ноќ во “Вавилон”

               

          Битолски весник, во рамките на традиционалната, јубилејна, 20 по ред  Манифестација “ Избираме најуспешни битолчани  2018 “ на спектакуларен начин, во прекрасен амбиент, во ресторанот “ Вавилон “ ги прогласи најуспешните битолчани  за 2018 година, според читателите на  Битолски весник.

          Според сите присутни на Манифестацијата тоа беше незаборавна Оскаровска ноќ, во која беа доделени признанијата и која битолчани кои беа во салата и кои го слдеа директниот пренос на ТВ “Тера” долго ќе ја паметат.

          Амбиентот во “ Вавилон “  по ништо не заостануваше зад доделувањето на Оскарите во Холивуд.

          Преполна сала, над 35 добитници на посебни награди и признанија по категории, раскошни тоалети, голем број гости и значајни личности, забава до раните бескрај…

          Тоа се главните карактериститики на годинашната,  Манифестација “ Избираме најуспешни битолчани”.

          Манифестацијата ќе остане забележана како и по доделувањето на првото и засега највисоко признание на Битолски весник, наградата “Гран при”  за познатиот светски адвокат од Битола, кој живее и работи во Белград, Србија,  Тома Фила.

          Наградата за трајни вредности отиде во рацете на актерката Јоана Поповска, а за животно дело за Виолета Томовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*