Home / Uncategorized / Да се создадат услови за новинарите

Да се создадат услови за новинарите

Почитувани, Светската здравствена организација вчера прогласи пандемија во светски рамки поради брзото ширење на коронавирусот (Ковид – 19). Како последица на оваа појава, но и со цел да се превенира дополнително ширење на вирусот, Министерството за здравство во Република Северна Македонија на дневна основа соопштува забрани и мерки во однос на одржувањето јавни собири и за начинот на работење на одредени сектори. Поаѓајќи од важноста граѓаните да имаат точни и навремени информации, особено во услови кога од тоа зависи и општото здравје, укажуваме на потребата новинарите и медиумските работници кои се вработени и/или имаат работен ангажман во Вашиот медиум да имаат одредена заштита и услови, со цел да се избегне ризикот од нивна потенцијална зараза. Во оваа насока, би сакале да Ви укажеме дека, како одговорни лица во медиумите, на новинарите и медиумските работници потребно е да им обезбедите:

– Алкохолни марамчиња и дезинфициенси за рацете, кои ,првенствено, треба да бидат поставени на влезовите од медиумите, при што секој вработен треба да ги искористи пред да влезе во просториите на медиумот, – На оние кои известуваат од терен да им се обезбедат истите средства за чистење на воланите, брзиноменувачите и влезните и излезните рачки на возилата, како и за чистење на стативите на камерите, како и за деловите од камерите кои доаѓаат во допир со рацете или лицето, а истото важи и за микрофоните што се користат на терен и во оф-тон кабините (глувите соби), како и за фотоапаратите,

– Да се обезбедат сапуни во сите тоалети и кујнски простории, како и соодветни хартиени бришачи за раце и тоалетна хартија, – Заедничките простории во редакциите, како што се кујните, потребно е да се избегнуваат и да не се користат од повеќе лица во исто време, – Ризичните групи на вработени, како што се хронично болните, повозрасните лица и бремените жени, да бидат ослободени од работните задачи кои треба да се извршуваат на терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*