Home / Uncategorized / Дали Боки 13 со парите од рекетирањето наместо старски домови ја направил 1 ТВ?

Дали Боки 13 со парите од рекетирањето наместо старски домови ја направил 1 ТВ?

Иако јавната обвинителка Вилма Рускоска заедно со својата колешка од СЈО Катица Јанева во екот на истрагата за аферата “ Рекет“ заминаа на одмор благодарение на истражувачките новинари се повеќе се стега обрачот околу оваа афера која ја треси Македонија и луѓето инволвирани во неа.

Откако само што ги подигнала бабата Лилјана Тодоровска им беа како што вели таа украедни 750. 000 евра, кои што ГП “Пелистер“ им ги префрлил за наводен авторски хонорар. им се губи трагата и на 233 илјади евра кои компанијата ДРИМ БИЛДИНГ Струга ги префрлила на потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, преку авторски договор.  Според ТВ Телма Мандиќ е недостапна, а последната информација е дека фирмата од Струга заради неисполените обврски во договорот до кој стаса Телма си побарала назад 350 илјади евра со се пресметени казнени пенали.

Боки 13, Мандиќ, авторката на идејата за европски дом за возрасни лица се обврзале дека овие пари ќе ги наменат за изградба на третиот во низа планиран старечки дом во општина Карпош.

Ваков дом не е изграден, иако во договорот невладината на Боки 13 ветила дека ќе обезбеди локација.

Ако се ѕирне во преписките на ГП „Пелситер“ на бизнисменот Силјан Мицески со невладината на Боки 13 се гледа дека и во оваа зделка Боки 13 требал да обезбеди локација за изградба на комплекс за пензионери. Боки 13 барал од градоначалничката на Битола Наташа Петровска ексклузивна локација во битолската касарна, но во два наврати бил одбиен.

Боки 13 требало да се избори и за пренамена на локација која ГП “Пелистер“ ја има во Касарната, но која е наменета за станбено деловен простор.

Пензионерката Лилјана Тодровска чијашто идеја Боки 13 ја нудел, вели дека е ограбена и измамена, бидејќи 750-те илјади евра од авторскиот договор веднаш и ги зеле луѓе од сојузот на Боки 13.

По само 3 месеци откако Бојан Јовановски и Јасна Мандиќ ке соберат 1,000, 000 милион евра од бизнисмени, во април 2018 –та ќе најават дека отвораат нова телевизија под нивна раководна палка.

Јовановски неформален сопственик, неговиот татко сопственик а Јасна Мандиќ доскорешната заменичка на Боки 13 во Меѓународниот сојуз преминува во управител во новата телевизија со 5% сопственичко учество.

Во медиумските кругови се повеке се шпекулира дека Боки 13 со тие пари на ГП “Пелистер“ и ДРИМ Билинг од Струга всушност ја отворил 1ТВ и ја финансирал телевизијата.

Според добро информирани извори Боки 13 имал одлично разработена стратегија со проектот за старски домови да ги “ рекетира “ сите бизнисмени кои биле во “ бомбите “ на Заев а кој подоцна ги доби Катица Јанева за да ја отвори телевизијата, а подоцна преку телевизијата 1 ТВ да ги рекетира истите и други бизнисмени против кои се воделе истраги со огромни рекламни услуги на неговата телевизија за да не бидат гонети од Катица.

На таквата јадица се фатил велат извори на Битолски весник и Силјан Мицевски, кој како што е познато беше снимен во “бомбите “ на Заев каде на екс генералниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски му ветуваше дека на сила ке ги натера вработените да гласаат за ВМРО и го советуваше него дека гласачи од Караври можат да гласаат и во Јени Мале.

Упатените во овој скандал тврдат дека значајна улога во аферата “ Рекет“ имале и некои од уредниците кои подоцна за дебели хонорари работеа во телевизијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!