.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Денеска истекува мандатот на СЈО

Денеска истекува мандатот на СЈО

Случајот за нарачаните шамари во Центар за градоначалникот Андреј Жерновски и случајот „Транспортер” против градоначалникот на Битола Владимир Талески се двата предмети преземени од Основните јавни обвинителства за кои Специјалното јавно обвинителство поднесе обвиненија.

Денеска истекува првиот рок во кој СЈО може да поднесува обвиненија за 34 предмети што ги презеде од обвинителството на Зврлевски.

За промена на законот и продолжување на рокот на СЈО е потребно двотретинско мнозинство, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјаснија дека нема да поддржат таков предлог.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во повеќе наврати апелираше да се продолжи рокот бидејќи за некои истраги е потребно повеќе време за да се обезбедат докази. Освен тоа, од СЈО посочуваа дека нивната работа е постојано опструирана на повеќе начини.

Предметите за кои е изминат рокот на СЈО може понатаму да се истражуваат и да резултираат со обвиненија доколку СЈО се интегрира со Републичкото јавно обвинителство или доколку предметите преминат во надлежност на ЈОРМ. Со оглед на тоа што СЈО беше формирано поради незадоволство од работата на ЈОРМ, правните експерти посочуваат дека ќе бидат потребни кадровски промени пред тоа да се случи, а Зоран Заев по стапувањето на премиерската функција побара оставка од државниот јавен обвинител Марко Зврлевкси.

Покрај двете обвиненија, од предметите преземени од Зврлевски оформени се истраги за предметот „Тортура” за апсењето на Љубе Бошкоски, „ТНТ” за уривањето на комплексот Космос на Фијат Цаноски и за „Титаник” во кој се опфатени повеќе кривични дела поврзани со изборни нерегуларности.

Што се однесува на прислушуваните разговори што ги предаде СДСМ, рокот за поднесување обвиненија истекува на 30 јуни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*