Don't Miss
Home / Вести / Денови кога живите им завидуваа на мртвите

Денови кога живите им завидуваа на мртвите

Репортажа од Северна Италија


Специјално за Битолски весник од Италија

Дејан Азевски


       Мој 33 ти ден во Италија од кои барем петнаесет сум под посебни мерки и последните седум дена во целосен карантин. Ова воедно е и мојот најдолг престој во странство воопшто и секако најдолг поминат временски период помеѓу четири зида. Состојбата која е апсолутно психофизички неиздржлива ако треба да трае уште неколку месеци какви што се и првичните најави.
      Денот ми почнува со читање на онлајн верзијата на локалниот весник Пиколо од Трст-каде што последно беше објавена бројка од 368 мртви на сакои 24 часа, или вкупно 2.158 од почетокот на пандемијата. Ако на тоа се додадат уште 27.980 регистрирани случаи – лесно може да се сфати катастрофата со која моментално се соочува Италија и сите ние кои случајно или намерно сме затечени тука.
       Државата и системот се грчат од напливот на нови и нови пациенти. Болничките капацитети се преплавени, а веке постои најава дека пациенти над 80 години нема да се третираат или во превод речено ќе бидат ладнокрвно оставени да умрат. Замислите ако од само неколку случаи кои дошле од Кина пред само три недели досега се заразени скоро 30.000- колку ли луѓе се префатени од овие 30.000? Не сакам да пресметувам ниту да размислувам за мултипликативниот ефект, бидејќи веднаш ќе паднам во депресија.
       Во секој случај веке е промашена прогнозата на властите дека оваа недела ќе биде пикот на болеста- напротив и покрај сите рестриктивни мерки и карантините- интензитетот на болеста се засилува, а најлошото допрва доаѓа.

Ексклузивната репортажа можете да ја прочитате во Битолски весник кој ке излезе на 25 март
                 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*