Don't Miss
Home / Култура / Децентрализирана култура промовираше деветто издание на АКТО

Децентрализирана култура промовираше деветто издание на АКТО

Минатата седмица се одржа и деветтото издание на Фестивалот на современи уметности АКТО.
Темата на АКТО 9 беше референца на Брехтовата мисла: “Уметноста не е огледало на кое се гледа реалноста, туку чекан со кој треба да се обликува“.

Главните настани на фестивалот се одвиваа на монтажната галерија ЦАЦ Скопје, која за првпат беше пренесена надвор од главниот град, а лоцирана во дворот на Офицерскиот дом во Битола.

-На годинашното издание на АКТО фестивалот за современи уметности, го претставивме проектот Мобилна/монтажна галерија на ЦАЦ Скопје, со цел промовирање на нови начини на третирање и продуцирање култура. Стигнавме до точка каде што произведовме нов наш независен простор за културно делување, кој е подвижен и за АКТО за првпат се носи надвор од Скопје. Тоа за мене лично, но и за АКТО е многу битно затоа што ја означува не само метафоричката, туку и фактичката децентрализирана култура – истакна Филип Јовановски, уметнички директор на официјалната програма на АКТО 9, притоа додавајќи:

-АКТО точно го означува она што сакаме да го постигнеме, односно промоција на уметност и култура кои го обликуваат општеството. Важно е да се продолжи приказната за окупирање на јавен простор и преиспитување на истиот. Многу ме изненади и ме радува тоа што целата идеја околу галеријата почна вистински да се реализира, во смисла на тоа што откако ја поставивме, до донесувањето тука во Битола имаше навистина голем број настани во Скопје кои на почетокот не ни помислувавме дека ќе ги има и затоа сега ја донесовме тука, заради децентрализација и вклучување на локалната заедница во создавањето култура – тоа е тој чекан за обликување на општеството – посочи Филип Јовановски, уметнички директор на официјалната програма на АКТО.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*