Home / Вести / Дезинфекција на образовните институции во Битола

Дезинфекција на образовните институции во Битола

        По подолго време од почетокот на пандемијата денеска во Битола, екипи на ЈП „Комуналец“ извршија вонредна дезинфекција пред сите градинки, основни и средни училишта и високо образовни институции, како и на автобуските постојки во градот.

 Од кризниот штаб  велат дека акцијата за дезинфицирање  во Битола ќе продолжи и во наредните денови, на различни локации, особено на клупите и други места кои се често користени од населението.

Инаку на почетокот на пандемијата, дезинфекцијата на училиштата, државните и јавните институции како и станбените и индивидуалните  објекти беше редовна пракса во градот под Пелистер, а на влезовите од Прилеп и Охрод беа поставени посебни “јами “ за дезинфекција на возилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*