Во настојувањата да се спречат или ублажат причините или последиците од пандемијата Општината Битола со јавното претпријатие “ Нискоградба “ почна со изградба на дезинфекциони корита на влезовите.
Првото такво “дезинфекционо корито “ почна да се гради денеска на влезот од Прилеп за Битола.
Исти такви “ дезинфекциони корита“ ќе бидат изградени и на другите влезови за Битола.
Инаку деновиве Битола со помош на јавните комунални претпријатија вршеше дезинфекции на сите улици во градот и приградските улици, како и станбените заедници.