Home / Uncategorized / Џемаили:Ме уништија зашто не прифатив да бидам заштитен сведок

Џемаили:Ме уништија зашто не прифатив да бидам заштитен сведок

Претходната власт на чело со министерот за правда Михајло Маневски ми нудеше да бидам лажен заштитен сведок за да се одмаздат на 18 судии, тројца обвинители и Владо Бучковски, откри овчарот Иснифарис Џемаили во интервју на Телма.

-Неправда беше што ме притворија, што ми го зедоа имотот. Претходната власт ме направи пепел, зашто не сакав да земам на душа 22 души, рече Џемаили.

Тој откри дека претодната власт три пати го викала на средби на разни места и му нудела да биде заштитен сведок за, како што му рекле, да исечат 18 судии кои биле СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*