Don't Miss
Home / Култура / ДИ ЏЕЈ ТОМ НОВИ ГО ЗАПАЛИ ШИРОК СОКАК

ДИ ЏЕЈ ТОМ НОВИ ГО ЗАПАЛИ ШИРОК СОКАК

Синоќа битолски Широк сокак “гореше” на манифестацијата “Широк сокак во бело” која се одржа по четврти пат. Главна звезда на настанот беше светски познатиот ди џеј и продуцент од Германија Том Нови кој со својот сет ја воовдушеви над 10 илјадната публика во Битола.

 

-Во Битола сум првпат. Овој настап е дел од мојата турнеја во регионот. Секој втор викенд сум на Ибица и сега доаѓам оттаму така сто и после Битола сум таму. Неодамна го промовирав мојот нов албум кој го промовирам на моите настапи. За македонската диџеј сцена можам да кажам дека е доста развиена и имате одлични диџеи, почнувајќи од диџеј Ацика кој денес ќе ја загрее атмосферата пред мојот настап па се до многу други имиња. За журката денес единствено луѓето треба да имаат добра волја за забава, изјави Том Нови.

Белата ноќ во Битола се покажа доста атрактивна за сите граѓани од Битола, но и од Република Македонија, како и гости од странство кои во голем број доаѓаат на оваа манифестација од нејзиниот почеток. Изминатите години на „Широк Сокак во бело” гостуваа големите и светски познати имиња како Кирил Џајковски, Дејвид Моралес, Хернан Катанео. Идната година, белата ноќ одбележува еден мал петгодишен јубилеј за кој веќе се подготвуваат повеќе изненадувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*