Home / Uncategorized / Директорот на Еуротандард банка без гаранции со милиони го кредитирал својот вујко

Директорот на Еуротандард банка без гаранции со милиони го кредитирал својот вујко

На денешнта прес конференција Трифун Костовски рече дека главниот виновник за тоа што банката западна во ваква тешка состојба, е поранешниот претседател на Управниот Одбор, Николче Петковски, кој долги години беше на кормилото на банката.

„Кога и после долго време ќе го пршав – каде се парите што пропаднаа, тој ми вели дека се во банката, но јас не можам да ги најдам тие пари во банката. Ги нема ниту на сметка во банката, ниту во трезор, ниту никаде. Не може да ги нема парите, а да не пропаднале“, обвини Костовски.

Рече дека ќе поднесе кривична пријава против Николче Петковски за злоупотреби и дека ќе го гони до крајот на животот за тоа што ја довел банката во ваква ситуација, но најмногу заради тоа што во ваква ситуација се доведоа клиентите. 

Но, како што нагласи бизнисменот, тој не сака да се иззема и себеси од одговорност, што му верувал на Петковски, и што го превел буквално жеден преку вода.

„Што да кажам, јас бев претседател на Надзорен одбор, што всушност треба да биде контрола над Управниот одбор, но не успеав да ги спречам тие лоши пласмани што и пресудија на банката. Ете бев преведен жеден преку вода“, рече Костовски на денешната прес конференција.

За да долови каква штета нанел Петковски, Костовски рече дека го натерал неговиот вујко да формира фирма со само пет илјади евра непаричен влог, а бргу потоа му дал кредит од 1,2 милиони евра.

„Но, веќе за три дена ги немаше парите“, тврди Костовски.

Вели и дека наводно, Петковски со својот вујко, како претседател на УО, склучил договор за прочистување на воздухот во банката, за дури 80 илјади денари месечно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*