Don't Miss
Home / Колумни / До Копанки преку Скопје

До Копанки преку Скопје

Поништувањето на дел од Решението за легализација на планинарскиот дом “Копанки “ и административното одземање на домот од планинарско спортскиот клуб Пелистер, веќе неколку дена е централна тема во  битолската јавнос

          Додека локалната власт смета дека со поништувањето на делот од Решението, со кое планинарскиот дом “ Копанки “ му беше “подарен” на планинарското друштво Пелистер се исправува една незаконита и што велат криминална “ приватизација”, планинарското друштво Пелистер, кое остро се спротистави на ваквата одлука на градоначалничката Наташа Петровска, мисли дека со донесувањето на таквото решение, кое е донесено како во времето на Сталинизмот, се изврши буквална национализација на  домот “ Копанки “.

          И додека политичките партии се препукуваат околу донесеното Решение, едно е сигурно. Со поништувањето на лагализацијата  на “ Копанки “ од страна на актуелната локална администрација практично се одзема планинарскиот дом “Копанки” од планиниарите, а  со неговото запишување во катастарските книги како сопственост на државата, практично “ Копанки “ им се одзеде, барем привремено и на битолчани.

          И како што стојат работите најверојатно овој најнов спор со “Копанки” ќе заврши во  судските инстанци.

          Со оглед на тоа што планинарското друштво Пелистер, кое тврди дека домот е нивни, зашто е изграден уште во  далечната 1937 година, во времето на екс Југославија со ударнички и доброволни акции, најави жалба на донесеното Решение, по се изгледа дека битката за “ Копанки “ допрва следува.

           До завршувањето на судскиот спор и едните и другите ќе тврдат дека се во право, но последниот збор сепак ќе го има судот.

          Дотогаш власта ќе прави се “ Копанки “ да му го препиши на државата,  а планинарите сега се принудени во судска постапка да  докажуваат дека тој ним им припаѓа и дека само планинарите и никој друг имаат право на сопственост на домот.

          Наместо локалната власт и планинарското друштво Пелистер во изминатите години да најдат заеднички јазик и да го обноват “ Копанки “ по пожарот кој се случи пред 6 години и кој буквално го пеплоса домот, сега за истиот да го вратат во свое владение  ќе се борат во судските инстанци.

          Ако се има предвид дека кај нас судските спорови, особено од ваков карактер, траат со години, по се изгледа за време на својот мандат градоначалничката Наташа Петровска, нема да го испие чајот во обновениот дом “Копанки “,  а планинарите ќе мораат уште долго да вртат околу домот и да се сеќаваат на убавите времиња кога едноставно во “ Копанки “ ги минуваа најубавите моменти од престојот на Пелистер.

          Без да навлегуваме  во тоа кој е во право, лично мислам дека во случајот со “ Копанки “ заслепеноста од  суетите доведе до ваква разврска.

          Но тоа му е својствено на Битола и битолчани.

          Цели 6 години од пожарот на “ Копанки “  со претходната локална власт, предводена од екс градоначалникот Владимир Талески, кој другиот ден по пожарот кој се случи на 28.01.2013 година најави брзо негово реновирање  и речиси две години откако на власт е Наташа Петровска, од реновирањето на “ Копанки “, ако се исклучат “ударничките потези” на дел од планинарите, буквално нема ништо.

          “Копанки” и натаму  стои како нем  споменик  на нашата немок и неспособност да ги  надминеме нашите суети и политички далтонистички погледи и да го обновиме домот, кои сите  барем вербално толку многу го сакаме.

          Иако лично можам уште од сега да се кладам за тоа како ке  заврши овој судски спор, околу сопственоста на “ Копанки “  сепак без да преудицирам, на случајот “ Копанки “,  Битола падна толку ниско што иако ќе звучи цинично не заслужува  и да го има  домот.

          Без да навлегувам во тоа дали Решението за легализација било законски, или незаконски донесено, сепак ако веќе на таков начин се решава предметот со “ Копанки “, тогаш по најновото решение на градоначалничката Петровска мора некој да одговара за незаконитоста  при донесувањето на претходното решение, уште повеќе што актуелната локална власт тврди дека се работи за класичен криминал.

          Јавноста во Битола мора да знае како е донесено таквото наводно незаконско решение за легализација и зошто никој  досега не е процесуиран за тоа.

          Дали донесувањето на ваквото Решение не е доволен повод да се изврши ревизија и на други легализирани диви објекти, кои во времето на претходната власт беа легализирани за по 1 евро од квадрат.

          Претхдоната власт, со легализацијата на дивите објекти  направи вистинска неправда во државата, зашто наместо да ги санкционира луѓето кои диво градеа без да платат комуналии, таа ги награди и им ги легализира објектите, буквално за бадијала.

          На тој начин се направи невиден нов грабеж во државата и неколку илајди поединци се стекнаа со имот, за кој не платија, или  платија само симболични суми пари за комуналии.

Ако наводната ревизија на незаконски легализираните објекти се сведе само на “ Копанки “ мислам дека  тоа е  фрлање прашина в очи.

          “ Копанки “ како планинасрки дом им припаѓа пред се на планинарите, но и на граѓаните на Битола, Македонија и пошироко.

          Без разлика кој е сопственик  на “Копанки” никој нема право за своите (политички) ставови и суети да гу држи битолчани во заложништво.

          “Копанки “ мора што побрзо да се реновира и изгради. Срамота е за еден град како Битола 6 години да не најде начин ни средства да го реновира домот, во кој е испишана најубавата страница од историјата на планинарството на Битола и каде Димитар Илиевски -Мурато ги сонуваше своите детски соништа да се искачи на највисокиот врв во светот “Монт Еверест”.

          Тој нема да се реновира така брзо доколку му се даде на државата, како што некои мислат, зашто сведоци сме како државата се однесува кон некои објекти токму на Пелистер, каде што Детското одморлиште Пелистер стои со години заклучено.

          А и планинарите треба да сфатат дека  со поединечни и повремени “ ударнички “ акции, како во 1937 година, тешко ќе го обноват “ Копанки”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*