Home / Uncategorized / До подобра Македонија со “За подобра Македонија “

До подобра Македонија со “За подобра Македонија “

Денеска во просториите на ОК ВМРО ДПМНЕ прес конференција одржа кандидатот  за советник Тони Коњановски.

На пресот Коњановски меќу другото изјави:

-Чест е да се биде дел од листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За Подобра Македонија“. На оваа листа се наоѓаат квалитетни луѓе, битолчани, кои цел свој живот активно и безрезервно работат и придонесуваат за Битола, за подобро утре, за подобра иднина. Цело наше искуство и знаење го вложувавме и ќе го вложуваме за реализација на квалитетни и успешни проекти од чии резултати бенефит ќе имаат сите граѓани. Помалку од тоа Битола не заслужува! Ова се луѓе кои носат успех, резултати и победа!

Како професионалец кој целиот свој работен век сум го посветил на соочување со предизвиците и промоција на јавното здравје, една од моите главни заложби како советник во Општина Битола ќе биде обезбедувањето  тесна соработка на јавното здравје и локалната самоуправа. И тоа реафирмирање и непречено функционирање на Советите за јавно здравје со цел промоција и решавање на јавно здравствените проблеми во смисла на подобрување на санитарно хигиенската состојба посебно во училишните средини, проценка на нутритивниот статус кај училишните деца и ризиците кои ги носат неправилните начини на исхрана, проценка на ризиците по безбедноста на водата за пиење и овозможување на здрава вода за сите, презамање активности за подобрување на квалитетот на амбиеталниот воздух, соочување со предизвиците кои ги носат климатските промени во однос на контрола на вектропреносливи болести и слично. Ќе ја зајакнеме интерсекторска соработка во рамки на овие Совети и ќе се залагаме за усвојување на мерки и активности кои ќе ја зајакнат нивната улога а со тоа  овозможување на поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани на општина Битола.

Победата на локалните избори ќе ни овозможи нашето искуство и професионализам да го преточиме во работа и постигнувања од областа на здравството, здравствената заштита а граѓаните на Битола да добијат посовремени здравствени услуги. Ве уверувам дека посветеноста и ентузијазмот, со кои ние како Советници ќе ја извршуваме нашата обврска кон граѓаните, ќе резултира со мерливи дела, кои ќе донесат добро за сите.

Почитувани сограѓани, советничката  листа  на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За Подобра Македонија и нашиот кандидат за Градоначалник е опцијата која може и умее да понуди подобро утре за Битола. Тоа е она кое што ќе се потврди на 15-ти октомври! истакна Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!