.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Политика / До полноќ нова влада

До полноќ нова влада

Денеска  продолжува  седницата на Собранието  за избор на новата влада, која треба да биде избрана  најдоцна до полноќ.

Инаку расправата за новата влада  започна вчера и на неа пратениците од говорницата си  упатија остри критики. Програмата на новата влада за опозициската ВМРО-ДПМНЕ е неостварлива – особено во делот на економијата. Поранешните владини партнери ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ, од говорницата си упатија остри критики, а кавгата помеѓу Талат Џафери и Влатко Ѓорчев заврши со куса пауза на седницата.

Од БЕСА порачаа дека нема да дадат поддршка на новата влада, поради лошиот избор на кадри од ДУИ, иако му честитаа на Заев за изборот на министрите од неговата партија. Претседателот на Собранието – седниците ќе ги води на македонски јазик,  а како пратеник најави дека ќе зборува на својот мајчин јазик.

Инаку денеска пред да се расправа за новата влада Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница на која треба да бидат избрани собраниските комисии, а се очекува во 12 часот да продолжи седницата за избор на  новата Влада.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*