Home / Вести / Додека Катица е под сенка во Шутка, Камчев се сонча во Варна

Додека Катица е под сенка во Шутка, Камчев се сонча во Варна

Додека дополнително се загрева атмосферата околу истрагата за случајот „Рекет“, бизнисменот Орце Камчев е во Банско, Бугарија, објави ТВ24.

Според информации на ТВ24, извесно време Камчев престојува во Бугарија, а дел од медиумите таму пренесуваат дека ужива на јахта во Варна.

На 15 август новинар од ТВ24 го сретнал Камчев во хотелот „Пирин Голф“ во Банско, објави телевизијата.

Камчев слободно се шета откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева му даде дозвола за времен пасош. Обвинителската Лиле Стефанова, пак, вчера изјави дека иако Камчев е осомничен во случајот „Империја“, таа поради „врзаните“ раце на СЈО нема овластување да знае каде е Камчев.

Камчев е сведок во истрагата „Рекет“, а денеска јавноста ја разбранува тоа што дел од медиумите објавија дел од неговата изјава дадена во истрага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!