Don't Miss
Home / Градска хроника / Доколку сакате чист воздух, возете велосипед

Доколку сакате чист воздух, возете велосипед

Доколку сакате чист воздух во Битола, тогаш барем 7 месеци во годината возете велосипед.
Ова им го препорача претставничката на Министерството за екологија, Светлана Георгиева на битолчани, по денешниот заеднички состанок со Консултативното тело за мерење на загаденоста на амбиенталниот воздух во Битола.
За Георгиева воопшто не е важно што едната мерна станица за мерење на загаденоста на воздухот во Битола не работи, бидејќи кога двете станици работеле покажувале речиси исти резултати, а поправката и одржувањето на мерните станици било доста скапо.

Меѓу другите совети за намалување на загаденоста на воздухот во Битола претставничката на Министерството за екологија им препорача на битолчани да не ги возат своите автомобили сами, туку да се возат повеќемина, потоа да купуваат понови автомобили, а и да внимаваат на што се  грејат.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*