Home / Uncategorized / Долга дебата во Советот за продажбата на ФК Пелистер

Долга дебата во Советот за продажбата на ФК Пелистер

Советниците на Советот на општината Битола денеска водеа долга и остра дебата за продажбата на фудбалскиот клуб Пелистер.
Неколку часа советниците на Битола дебатираа(т) за тоа дали треба да му дадат “ амин “ на градоначалникот Владимир Талески да преговара со единствените два кандидати за купување на мнозинскиот пакет акции на ФК Пелистер, сопственикот на фирмата за производство на сладолед “Цермат” од Битола и заинтересираниот кандидат од Кипар, Гаврил Папанстатос, кој, веќе има во своја сопственост фудбалски клуб во Латвија, кои досега единствено се пријавиле за купување на клубот.
И по неколку часа дебата советниците сеуште не се изјасниле околу продажбата на клубот.
Опозицијата денеска жестоко реагираше против продажбата на Пелистер на кипарскиот газда, чија понуда ја сметаат за несериозна.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески одговарајќи на критките на опозицијата истакна дека Советот има изгласано одлука за продажба на акциите на клубот, но на двата јавни огласи не се јави никој.
Тој ја побара согласноста на советниците да продолжи да ги води преговорите со заинтересираните купувачи, а додека се водат тие, општината Битола и натаму ќе го финансира фудбалскиот клуб Пелистер.

 

Фотографија: С. Ристевски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*