Home / Вести / Донација на Иутекредит шаховска маса во центарот на Битола

Донација на Иутекредит шаховска маса во центарот на Битола

                       

Од денеска љубителите на шахот во Центарот на Битола, до Јени Џамија ќе можат да играат шах.

Донацијата  на шаховската маса е  на Иутекредит Македонија филијала Битола,

„Со донацијата сакаме да ја разубавиме средината во градовите каде што имаме експозитури, но и онаму каде што немаме. Среќни сме што Општина Битола ја прифати донацијата, а локацијат на која што е постаена е одлична и се надевам дека многу минувачи и граѓани на Битола тука ќе поминуваат убави моменти, истакна Јасмина Апостоловска, раководител на Одделот за маркетинг во Иутекредит Македонија.

За посатваувањето на шаховската маса градоначалничката на Битола, Наташа Петровска изјави:

-Во животот убавите нешта лежат во едноставните работи како што е ова денес, кое што и тоа како ја збогатува можноста на граѓаните навистина да уживаат во ладовина и во играта која што е овозможена во овој простор, каде што веќе имаше ваква маса, но забот на времето си го направи своето. Кога зборуваме за урбаната средина, не се важни само големите инфраструктурни зафати. Битно се и ваквите елементи кои што му даваат душа на се друго што правите“ рече градоначалничката Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*