Don't Miss
Home / Вести / Донација на општината Битола за опремување лабаротаријата во Центарот за јавно здравје

Донација на општината Битола за опремување лабаротаријата во Центарот за јавно здравје

                     

            Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска побара итно свикување  седница на Советот на оопштината, на која би се разгледала нејизната иницијатива за донесување  одлука  за доделување на донација на финансиски средства на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, потребни за адаптација и доопремување на микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД-19.

Во иницјативата за свикуање итна седница се истакнува дека со адаптацијата и опремувањето на микробиолошката лабораторија, ќе се овозможи тестирање за детекција на присуство на корона вирусот во молекуларната микробиолошка лабораторија во Битола, со што би биле задоволени потребите на општината и Југозападниот регион на државата.

На овој начин би се добило побрзо тестирање од досегашното, бидејќи сите тестови  досега се работеа  во Скопје,се истакнува во иницијативата на Петровска.

Во иницијативата на градоначалничката Наташа Петровска не се кажува колкава е вредноста на донацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*