Home / Вести / Донација од “Моцарт “ за Клиничката болница

Донација од “Моцарт “ за Клиничката болница

               

Комапнијата  за приредување на игри на среќа,  “Моцарт “ , во рамките на кампањата „Да бидеме општествено одговорни“ денеска донираше  ЕКГ апарати наменети за потребите на Ковид центарот на Клиничката болница во Битола.

        -Голема благодарност до компанијата “ Моцарт “  за нивната донација. Ова не е прв пат  да излегува во пресрет на потребите на Клиничката болница Битола, и тоа по нивна иницијатива, и како општествено одговорна компанија да покажат интерес за помагање на здравството. Овој пат

“ Моцарт “ ни донираа ЕКГ апарати за потребите во Ковид центарот кои што ни се од голема потреба и значење, бидејќи веќе постоечките дотраени апарати ќе ги  обновиме со овие нови донирани ЕКГ апарати,  изјави  директорката на  Клиничката болница, д-р  Билјана Гагачовска. 

   Инаку да потсетиме ова е трета донација на компанијата “Моцарт“ за Клиничката болница во изминатиов период. 

        -Од почетокот на пандемијата како компанија се обидуваме да обезбедиме максимална поддршка и помош на здравствените установи во државата. Битолската клиничката болница има огромно регионално значење и токму затоа трет пат реализираме донација овде. Овој пат, во консултации со претставниците на болницата, донираме ЕКГ апарати, кои според нив претставуваат потреба за уште подобро функционирање на Ковид  центарот, изјави Сашко Димов, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Моцарт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*