Home / Вести / Донација на Стопанска банка а.д. Битола за поплавените региони

Донација на Стопанска банка а.д. Битола за поплавените региони

По  силното невреме кое на почетокот на месецот  го зафати Скопје, и предизвика поплави и големи штети на населените региони околу Скопје, Стопанска банка а.д. Битола организираше акција за помош на настраданите.

Во консултација со лица од општина Гази Баба, задолжени за прием на донации за настраданите од поплавите, банката донираше два бензински агрегати, кофи, лопати, гумени чизми и средства за лична хигиена и дезинфекција.

Помошта е распределена во загрозените региони.

-Се надеваме дека нашата донација ќе придонесе за олеснување на животот на граѓаните во погодените подрачја и што побрзо санирање на последниците од оваа временска непогода. Во овој период секој од нас треба да помогне, најдобро што знае и може. Грижата за нашето општество и хуманоста, остануваат врвни приоритети на “Стопанска банка а.д. Битола”- информираат од  банката.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!