Home / Вести / Донација од синдикатот на РЕК Битола за Ирфан Зејнеловски

Донација од синдикатот на РЕК Битола за Ирфан Зејнеловски

Синдикатот на РЕК Битола продолжува со своите хуманитарни активности.

Откако неодамна по повод денот на рударите организира неколку хумани акции, денеска синдикатот на најголемиот електро енерегетски комбинат во државата, на Ирфан Зејнеловски, на кого пред три месеци до темел му изгоре куќата му донираше фрижидер.

Делегација на синдикатот го посети домот на Ирфан, каде што тој моментно живее со својата сопруга и му донираше фрижидер.

-Голема благодарност за синдикатот на РЕК Битола, кој ми подари денеска фрижидер. Но во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на градоначалничката Наташа Петровска, која по пожарот што ми се случи ми најде привремено сместување во општинска куќа до Митрополијата, ни изјави Ирфан Зејнеловски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!