Don't Miss
Home / Македонија / ДУИ: Граѓаните да не наседнуваат на провокации

ДУИ: Граѓаните да не наседнуваат на провокации

Демократската унија за интеграција (ДУИ) по денешниот инцидент во Гошинце ги повика граѓаните да не дозволат да паднат во замка на вакви провокации и побараа од институциите побрзо расветлување на случајот.

 

– Граѓаните не треба да бидат вознемирени, но истовремено не треба да дозволат да паднат во замка на таквите провокации. Ваквите провокации нема да не поместат од претходно утврдената платформа, стои во соопштението од ДУИ.
ДУИ бара од надлежните институции да превземат одговорност за гарантирање на безбедноста на граѓаните и што побрзо да го расветлат овој случај.

 
– Истовремено, потребно е интезивирање на регионалната соработка со цел гарантирање на стабилноста и намалување на просторот за дејствување на групите кои имаат за цел спречување на платформата за интеграција и помирување, се наведува во текстот.

 
Во партиското соопштение се наведува дека  инцидентот во Гошинце е акт што, пред се, е на штета на албанската агенда во Македонија и во регионот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*