Home / Uncategorized / Душко Илиевски го доби спорот против Република Македонија

Душко Илиевски го доби спорот против Република Македонија

Република Македонија ќе треба да му плати на Душко Илиевски фармеротод Битола и неговиот брат Цане, како и таткото Томе вкупно 6,5 илјади евра на име на материјална и нематријална штета.

Вака пресуди Основниот суд во Битола, по тужбата на Душко Илиевски и неговите најблиски против Република Македонија.

Со ваквата пресуда Илиевски воопшто не е задоволен и тој најави жалба до битолската Апелација.

-Несфатлива е ваквата пресуда на Основниот суд во Битола. Иако неосновано бевме обвинети и јас, мојот татко и братот поминавме 12 дена во истражниот затвор во Битола, за кое време воопшто не можевме да работите за да ги издржуваме нашите фамилии и за сите малтретирања судијата пресуди да добиеме само симболична оштета од само 6.5 илајди евра, пари кои ние досега ги имаме дадено за трошоците во постапката.Доколку во постапката против мене, мојот брат и татко и Обвинителството го добиеше случајот јас ќе поминев најмалку 10 години в затвор, а сега кога докажав дека сме невии ни доделија само 6,5 илјади евра. Со оваа смешна сума не само што нема да бидеме обештетени за материјалната шетта која ја претрпевме, а каде е тука штетата за душевната болка што ја претрпевме кога не само јас туку и моите најблиски бевме прогласени за дилери на дрога. Иако јас веќе решив парите од оштета ќе ги подарам на Домот за доенчиња во Битола сепак на ваквата пресуда ќе се жалам и ќе барам истата да биде поништена. Иронијата да биде поголема сега само за судски такси за жалбата треба да платам 95.000 денари, ни изјави Душко Илиевски по добивањето на пресудата.

Инаку Душко Илиевски, фармерот, неговиот татко Томе и братот Цане за времето поминато во притвор ја тужеа државата Република Македонија и бараа материјална и нематеријална штета бараа обештетување во висина од 5 милиони денари.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*