Home / Вести / Една патничка почина, а на деветгодишно дете му е ампутирана раката

Една патничка почина, а на деветгодишно дете му е ампутирана раката

Деветгодишното дете кое беше во автобусот што вечерва се преврте кај Велес остана без рака, потврди за „Фокус“ министерот за здравство Арбен Таравари.

Според нашите информации, детето е хоспитализирано на скопската Клиника за детска хирургија и е надвор од животна опасност, но поради сериозноста на повредите морала да му биде ампутирана раката. Црниот биланс од автобуската несреќа е една почината патничка, а останатите се хоспитализирани на скопските клиники и во велешката болница.

Автобус со македонски регистарски таблички попладнево излета и се преврти неколку километри по патарината кај велешкото езеро, на автопатот кон Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!