Home / Вести / Едни цени на рафтовите, други на каса!

Едни цени на рафтовите, други на каса!

               

        По секојдневните бранови на поскапувања на прехрамбените производи, трговците како да се натпреваруваат кој колку ќе ги покачи цените на основните животни производи.

        Деновиве бројни читатели ни се јавуваа(т) со реакција дека во некои трговски маркети во Битола  на рафтовите производите се со едни цени, додека на каса им наплаќаат  по сосема други.

        На реакцијата на потрошувачите зошто им наплаќаат повисоки цени од цените кои се обележани на производите кои се изложени на рафтовите, потрошувачите од страна на продавачите  најчесто добиваат одговор дека не стигнале да ги сменат цените, бидејки во  меѓу време ги добле производите со нов цени.

        Со други зборови кажано  трговците биле побрзи и ги смениле цените во испратниците, додека продавачите тоа не  стигнале да го направат експресно како нив.

        Инаку и покрај сите апели на властите и инспекциските органи за ограничување на маржите на основните прехрамбени производи,  сепак тровците се оглушуваат на сите такви препораки и буквално секојдневно ги покачуваат цените на прехрамбените  прозиводи.

        Посебан приказна тука се цените на лебот, брашното, на сувомеснатите производи, хемиските средства, детергентите, кондиторските производи, маслото, шекерот, киселината, кашкава лот, сирењето.

        Оттаму граѓаните бараат надлежните инспекциски органи да ги засилат мерките и строго да ги казнуваат сите оние кои неосновано ги покачуваат цените на прозоводите и кои на рафтовите држат едни цени, а на купувачите им наплакаат  по сосема други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*