Home / Градска хроника / Еко хепенинг во Градскиот парк

Еко хепенинг во Градскиот парк

Во организација на невладината “Биосфера“, денеска во Градскиот парк во Битола се одржа голем еко хепенинг заедно со учениците од основните и средните училишта.

eko hepening 2

-Главната цел на настанот, покрај одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност, беше, на крајот од учебната година да се презентираат резултатите на “Биосфера“ од соработката со училиштата во делот на заштита и унапредување на животната средина и природата- истакна Нешад Аземовски, раководител на невладината “Биосфера“ од Битола.

eko hepening 3 eko hepening 6

Во меѓувреме оваа невладина организација реализира повеќе проекти кои се однесуваат на делот на заштита на животната средина во Општина Битола.

 

Б.В.

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!