Home / Вести / Екс директорот на “Нискоградба“ осомничен за злоупотреби

Екс директорот на “Нискоградба“ осомничен за злоупотреби

СВР Битола до ОЈО Битола, поднесе кривична пријава против К.К (55) од Битола, поранешен директор на КЈП “Нискоградба” Битола за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 1, “несовесно работење во службата” по член 353 “и “фалсификување или уништување на деловни книги” по член 280 став 1.2 од Кривичниот Закон на РМакедонија.

Пријавениот во својство на службено лице –директор на КЈП Нискоградба Битола, ја искористил својата службена положба на начин што побарал од финансовата служба во деловните исправи-завршни сметки за 2013 и 2014 година да се внесат невистинити податоци за приходите на претпријатието,со цел да се прикаже добивка во работењето,по што со свој птпис и печат од ЈКП ги заверил како вистинити и истите ги употребил пред Советот на Општина Битола. Со тоа превзел дејствија опишани во кривичните дела“злоупотреба на службена положба и овластување и “фалсификување или уништување на деловни книги.

Пријавениот во периодот од 2013 до 2017 година несовесно се однесувал кон средствата наменети за репрезентација односно истиот одобрувал големи трошоци на репрезентација со што неоправдано се зголемувале расходите на претпријатието а тоа крајно се одразувало на добивката на КЈП Нискоградба. Од горенаведеното произлегува дека пријавениот превзел дејствија опишани во кривичното дело“несовесно работење во службата” .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!