Home / Политика / Екс градоначалникот Велевски дециден: Јас немам садено тутун на црно

Екс градоначалникот Велевски дециден: Јас немам садено тутун на црно

Во врска со денешните  обвинувања на потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски дека поранешниот градоначалник на Могила, Славко Велевски садел тутун тип “Вирџинија“ на црно, со реакција во јавноста  се јави Велевски. Тој вели  дека е точно оти нивите за кои зборува СДСМ се негови, меѓутоа негира дека лично тој насадил тутун на црно, од типот “Вирџинија“ .
– Јас моите ниви ги давам под закуп, а тој тутун го насадиле луѓето што ја земале земјата под кирија. Садат што сакаат, тоа е нивна работа и има и од другиот тутун, тој малиот. Некој ги излажал дека ќе им го откупи и го насадиле. СДСМ зборува како да станува збор за дрога, меѓутоа тутунот е насаден покрај пат и никој не го сокрил, не е собран и секој може да го види. Јас лично садам пченка – тврди екс градоначалникот на Могила, Славко Велевски.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!