Home / Uncategorized / Експлозија во рибарница, повредена продавачката

Експлозија во рибарница, повредена продавачката

                 

          Само среќата ги спаси продавачката во рибарницата и продавачите на тезгите во Новиот градски пазар во Битола, по експлозијата која се случи  во дуќанот.

          Од експлозијата искршени се прозорците и вратата на продавницата, а  повредена беше продавачката на риби, на која и беше укажана прва помош.

           Иако во моментот кога  се случи експлозијата  во близина на продавницата имало доста купувачи,  сепак тие не беа повредени и само среќата ги спаси.

           На местото на инцидентот пристигнаа пожарникари, а и истражни органи кои вршат  увид  на самото место на експлозијата.

          За сега нема официјални информации кои биле причините за експлозијата во прдавницата.

Дали таа се случила од плинска боца или оџакот треба да утврди истрагата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!