Ел Чека отворено вели дека има повеќе од 6.000 аудио снимки добиени од ocyдените членови на „кумановската група“ кои се наоѓаат во затвop.
СЈО и ОТА беа формирани токму со цел да се прекинат злоупотребите направени во државните органи во однос на следењето и незаконското снимање на разговори на високи државни службеници и партиски раководители. Во дел од „бомбите“ на Ел Чека има содржина која се однесува на теми по формирањето на СЈО и ОТА. Ова отвора сомнеж дека некој тука и натаму прислушува.
Најголем дел од новите снимки од прислушувани телефонски разговори наводно се однесуваат на функционери, членови на ДУИ. МВР ветува темелна истрага за тоа дали и кој прислушува и додава дека нема нелегално прислушување со државните системи.
Повторно се отворија дилемите за тоа кој поседува апарати за следење на комуникациите, но и како се користат државните системи за прислушување.
Денеска Ел Чека во видео обраќање преку фејсбук-профилот вели дека снимките ги добил од осуденици во случајот Диво Насеље и дека нема да престане со објавување на снимки сѐ дури не се отвори меѓународна истрага за кумановските настани.
Ел Чека кој е по потекло од Кичево, а живее во Чикаго, не го крие својот идентитет и постојано објавува лични фотографии на својот фејсбук-профил. Тој во последното видео вели дека ќе ги објави сите „бомби“ кои ги поседуваат, сѐ додека не се расветли случајот во Куманово.