Home / Македонија / ЕЛЕМ: Исклучени два блока на РЕК “Битола“

ЕЛЕМ: Исклучени два блока на РЕК “Битола“

Поради регистрирани технички отстапувања од номиналните параметри во работењето и проработување на заштитните системи , во текот на денешниот ден два енергетски блока на РЕК„Битола” се исклучени од ЕЕС.

-По извршените проверки на постројките, во тек се операции за пуштање на двата енергетски блока во производство и се очекува во попладневните часови истите да бидат вклучени во ЕЕС на државата. Едниот енергетски блок, кој заради неопходните активности за оптимизација на параметрите после извршена модернизација на котелот беше во планиран застој, во ЕЕС ќе биде вклучен во раните утрински часови- информираат од ЕЛЕМ.

Останатите производни капацитети на АД ЕЛЕМ произведуваат согласно потребите на ЕЕС на државата, па нема потреба од дополнителен увоз на електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи во земјата, стои во соопштението од ЕЛЕМ.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*