Home / Вести / Ердоган ја враќа смртната казна

Ердоган ја враќа смртната казна

Многу непријатели ја очекуваат пропаста на Турција, а ако почнам да ги набројувам, тоа ќе доведе до многу голема криза на меѓународно ниво, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на големиот митинг кој се одржа во Анкара по повод годишнината од обидот за воен удар.

„Се вртам кон вас, предавници! Вие со тоа ништо нема да постигнете. Нема да успеете да го раздвоите нашиот народ на делови. Нема да успеете да го купите нашето знаме. Нема да успеете да ни го земе земјиштето. Нема да може да не тргнете од државата.

Нема да ги исклучите нашите молитви. Нема да успеете да ја поставите нашата земја на колена. Нема да успеете да го оковате нашиот народ“, изјави Ердоган.

Во говорот пред своите поддржувачи, турскиот претседател вети и дека ако во парламентот биде поднесено барање за враќање на смртната казна и ако таа биде одобрена, тој ќе го потпише указот за нејзина реализација. Ердоган меѓудругото напомена и дека минатогодишниот обид за државен удар нема да биде последен и побара од жителите на Турција да бидат подготвени доколку се случи такво нешто.

Премиерот Бинали Јилдирим пак присуствуваше на собирот кој се оддржа во една населба во Истанбул каде одметнаните војници убија 17 граѓани за време на обидот за пуч. Порача, борбата против организацијата на Фетулах Ѓулен ќе продолжи и понатаму.

„Нема да заборавам и нема да дозволам никој да заборави за 15 јули. Луѓето Се уште се гневни. Борбата ќе продолжи, додека не остане ниту еден член на Фето“, изјави Јилдирим.

Митингот започна со пеење на националната химна и едноминутен молк во спомен на 249 – те загинати во неуспешниот обид за државен удар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!