Don't Miss
Home / Спорт / Еурофарм Пелистер елиминиран

Еурофарм Пелистер елиминиран

Екипата на Еурофарм Пелистер својата дебитантската сезона во СЕХА-лигата ја заврши во осминафиналната фаза, откако е елиминиран од Нексе, 24:22 (13:10).

„Фармацевтите“ славеа во реванш мечот во Битола, но недоволно за да ја неутрализираа негативата од три гола на хрватскиот првак и со тоа ставија крај на нивниот настап во регионалното натпреварување.

Ловро Јотиќ со пет гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, додека Маџовски, Вегар и Остоушко имаа по три погодоци. Кај Нексе, Северец постигна пет гола, додека Цар имаше 11 одбрани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*