Don't Miss
Home / Uncategorized / Фабриката “Кромберг и Шуберт” им подари на децата на своите вработени новогодишни пакетчиња

Фабриката “Кромберг и Шуберт” им подари на децата на своите вработени новогодишни пакетчиња

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници оваа година за првпат компанијата “Кромберг и Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола” им подари на децата на сите вработени новогодишни пакетчиња.

Компанијата им ги подари пакетчињата на своите најмили во Центарот за култура во Битола, каде што присуствуваа околу 1.000 деца заедно со своите родители.

kromberg 2     kromberg

Дечињата на вработените уживаа во прекрасната и многу интересна музичка програма, а Дедо Мраз беше изненадување кое особено ги израдува.

Од компанијата не уверија дека ќе се потрудат оваа активност во иднина да прерасне во традиција се со цел да градат приказна која ќе биде испреплетена со убави и интересни моменти.

Насмевката можеше да се забележи на лицето од секое дете, а од компанијата задоволни изјавија дека се надеваат дека догодина ќе имаат прилика да израдуваат уште поголем број на дечиња, бидејки среќата на најблиските на вработените претставува среќа и гордост на “Кромберг и Шуберт” во целост.

Со овој гест “Кромберг и Шуберт” уште еднаш покажа дека таа е компанија која се грижи и инвестира во своите вработени не само на професионален план, туку е секогаш тука и за нивните најблиски.

Целта на компанијата е преку тимскиот дух, колегијалноста и грижата за вработени да изгради успешна компанија со среќни и задоволни вработени.

Оваа компанија како општествено- одговорна не ги заборави и оние најранливите, оние на кои помошта им е најпотребна.

Поради тоа на 29 декември оваа компанија ќе биде дел од предновогодишната забава, која ќе биде организирана од страна на Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин”, каде што на секое дете ќе му биде подарено по едно новогодишно пакетче, а истиот ден оваа компанија ќе го посети и Домот за доенчиња и мали деца од Битола и ќе им врачи донација од пелени.

kromberg 3      kromberg 11

-Наша желба и обврска како компанија е да се обидеме барем за момент да им донесеме радост на овие дечиња. Ние и понатаму ќе се залагаме да бидеме хумани и да им дадеме подршка и помош на оние на кои тие им се најпотребни.”, изјавија од менаџментот на компанијата.

“Кромберг и Шуберт “во моментот брои околу 2.000 вработени, со цел тој број до крајот на 2016 година да изнесува повеќе 3.000 вработени. Моментно  фабриката работи на проекти за светски познатите брендови “ауди”, “бмв” и “мерцедес”.

kromberg 7

“Кромберг и Шуберт” е германска фамилијарна компанија од автомобилската индустрија, која има успешна историја и развој повеќе од 110 години.

Пионерскиот дух и иновативното претприемништво со рамна хиерахија овозможи континуирано ширење и глобализација на компанијата. Со повеќе од 27 илјади вработени во 22 фабрики, “Кромберг и Шуберт” денес е еден од светските лидери за производство на кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроника.

Клучот за успех на оваа компанија е културата на фирмата: ентузијазмот и мотивацијата, да се донесат иновативни решенија кои се поттикнувачи на интердисциплинараните тимови, чиј фокус на енергија е насочен кон рано препознавање на трендови на пазарот како и кон исполнување на посебните барања не потрошувачите.

 

 

 

 

Б.В.

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*