Home / Култура / Фестивал на монодрамата во Битола по 21-ви пат

Фестивал на монодрамата во Битола по 21-ви пат

Од 9 до 13 мај во Битола ќе се одржи 21-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола, во организација на Центарот за култура – Битола.

Годинава, иако Министерството за култура во годишната програма не предвиде финансиска поддршка на овој традиционален фестивал, Центарот за култура – Битола со сопствени средства, и поддршка од Општина Битола, јавните претпријатија и поединци и добронамерници, успеа да ја задржи традицијата и да го организира овој интернационален фестивал.

Фестивалот свечно ќе биде отворен со премиерата на Битолскиот Народен театар „БАКХИ-краток преглед на распадот”, од Еврипид во режија на Игор Вук Торбица.

На Фестивалот на монодрамата во Битола, ќе гостуваат актери од Турција, Хрватска, Словачка, Бугарија, Русија, Молдавија, Монголија, Велика Британија, Црна Гора и од Македонија.

– Годинава Фестивалот има повеќе новини. Една од нив е детскиот дел на
Фестивалот, детската монодрама „Приказна за тркалото” на актерот Васко
Мавровски. Новина се и дебатните трибини што ќе се одржуваат на 10 и 11 мај
во малата сала на Центарот за култура, на која актерите ќе дебатираат за монодрамата од двете страни на сцената. Преку трибините сакаме да се осврнеме на поддр{ката од министерството за култура што годинава изостана, да ги видеме размислувањата на уметниците кај нас и од странство, за тоа дали има потреба од монодрама, што претставува монодрамата денес, дали уметниците коишто ја работат монодрамата се ставени малку на страна – изјави директорката на Центарот за култура- Битола, Маја Андоновска – Илијевски.

Селектор на Фестивалот на монодрамата е еминентниот актер Петар
Мирчевски. Жири комисијата е во состав: Ментор Зумберај од Косово (претседател),
Нина Мазур од Германија, режисерката Софија Ристевска Петрушева од Македонија.

Организаторите очекуваат битолската публика и оваа година да го испочитува
Фестивалот на најдобар можен начин, со полни сали и долги аплаузи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*