Home / Uncategorized / Фетаи: Јанева им се заканува на обвинителите

Фетаи: Јанева им се заканува на обвинителите

Расте ли нервозата кај специјалната обвинителка Катица Јанева?  Од денеска влезот во СЈО подлежи на посебен режим на сите вработени во институцијата. Никој не може да влезе и излезе од објектот без да им бидат проверени личните предмети, открива ексклузивно за Канал 5, обвинителката Фатиме Фетаи. Со мерките на претрес се соочила попладнето, по враќањето од пауза.

-Јас излегов на пауза, вообичаено  не излегувам, ама периодов избегнувам за да немам контакти и се враќам околу 13 часот по што полицаецот ме застана. Ми рече „Извинете, обвинителке, ама имаме наредба од шефицата за сите без исклучок да извршиме проверки“. Јас му реков, Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресувате на секое влегување и излегување“, открива Фетаи.

Фетаи вели дека скандалозната наредба произлегла непосредно по денешното доаѓање на истражител од обвинителството, под надлежност на Русковска, кој наводно и ја врачил поканата за распит во случајот Рекет. Нервозата на Јанева, како што вели, ја почуствувале и пред три дена.

,,Во понеделникот не собра на колегиум. Ни тврдеше дека е злоупотребена  и ни се закани, ако не ме браните, за сите ќе зборувам, сите ќе пропаднете со мене.”, вели Фетаи.

жЈанева преку прес службата на СЈО ги отфрли ваквите наводи, како и информациите дека примила покана за распит за “Рекет” на кој денеска веќе беше нејзината шефица на Кабинет.

Утре се очекува да сведочи и обвинителот од СЈО Бурим Рустеми.. Случајот продолжува да ги бранува и власта и опозицијата. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска рече дека ја поддржува истрагата за овој случај и дека никој не треба да очекува политичка заштита.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека истрагата за “Рекет” е компромитирана и се развлекува.

Каква ќе биде судбината на предметите на СЈО ќе се знае откако ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Неофицијално, власта и опозицијата се подготвуваат за нова рунда преговоеи за законот за јавното обвинителство следната недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*