Home / Uncategorized / Формиран централен изборен штаб на Подем

Формиран централен изборен штаб на Подем

Централниот одбор на ПОДЕМ  на денешната седница, на која се дискутираше за подготовка на партијата за претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април во 2020 година, донесе одлука да се формира Централен изборен штаб, со кој ќе раководи  генералниот секретар на партијата Драган Димески. За заменик шеф е избран Златко Лозановски – член на извршниот одбор на ПОДЕМ.

       На истата седница се донeсоа и одлуки за формирањена 6 регионални изборни штабови  и 55 општински изборни штабови. Со општинските изборни штабови ќе раководат претседателите на општинските организации на ПОДЕМ.

         На денешната седница беше одлучено проф. д-р Живко Јанкулоски, во својство на координатор на тимот што ја подготвува изборната програма, ги образложи проектите кои ПОДЕМ ќе ги вклучи во изборната програма.

На  седницата беше договорено  ПОДЕМ да  стапи во преговорите со ВМРО ДПМНЕ за  заедничко предизборно  коалицирање

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*