.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Формиран новиот Општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола

Формиран новиот Општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола

Во присуство на генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и организациониот секретар Никола Затуроски, во Битола се одржа првиот состанок на новиот Општински комитет  на ВМРО ДПМНЕ Битола, со кој претседаваше новиот координатор Пеце Милевски.

-Следува период во кој, непосредениот контакт со граѓаните, отвореноста кон битолчани и блискоста со  сите  граѓани, ќе  донеси  нови успеси и победи.

За поубава иднина на сите нас и нашите деца, тука во Битола и Македонија, беше речено на состанокот, на кој новото раководство остро ја критукуваше локалната и централната власт.

-Факт е дека Владата не успеа да ги реализира своите ветувања за Битола. Наместо напредок и развој, испорачаа лаги, корупција и очај.  Предизборните ветувања ги почнаа токму од изградба на автопат од Битола за Скопје, но за жал не го реализираа. Во нивниот План за живот ветуваа и темелно реконструирање и опремување на Клинички центар во Битола, и тоа остана само план на хартија. Заев вети целосна гасификација на Битола до 2020, но процесот тапка во место.  Се обврзуваа планинарскиот дом Копанки да го изградат и обноват, да биде дом кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени, со што уште еднаш ги излажаа битолчани. Ветуваа изградба на модерна сообраќајна инфраструктура, беше речено на состанокот, на кој ВМРО ДПМНЕ практично ги почна подготовките за локалните избори.

        Инаку  во новиот општински комитет, на чие чело е  Пеце Милевски,  за секретар е избран  Николче Котевски, поранешен  пратеник и директор на ЈП “ Стрежево “и Нафтовод Скопје, а потпретседатели се Јовица Богоев, екс советник, Горан Исков, активист на УМС и поранешен технички секретар  на ОК ВМРО ДПМНЕ, Анета Ѓорѓиевска, потпретседател на Унија на жени Битола и Горан Атанасовски.

        Во новиот состав на ОК ВМРО ДПМНЕ  членови  се: пратеничката Силвана Ангелевска, Марица Тодоровска, претседател на Унија на жени од Битола, Маре Стојменова Мицевска, поранешен директор на Заводот „Кочо Рацин“ од Битола, Зоран Николовски, порнашен директор на Завод и музеј, кардиологот Ненси Лозанче, Бојан Бојкоски кандидат за пратеник на последните парламентарни избори,  Марко Јосифовски, Лидија Павловска, Зоре Ѓорѓиевска, Александар Ивановски, Ангела Домазетовска, Николче Спировски, Никола Јовковски, Николче Масалковски, Гоце Јовановски, Катица Поповска, Соња Петреска и други.

По функција, покрај Силвана Ангелевска, останува и неодамнешниот координатор на партијата Иванчо Тошевски, како координатор на советничката група.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*