Don't Miss
Home / Култура / Францускиот виртуоз Ричард Галијано ѕвезда на Фестивалот “Музика од светот“

Францускиот виртуоз Ричард Галијано ѕвезда на Фестивалот “Музика од светот“

Националната установа Центар за култура- Битола ќе го организира шестото по ред издание на Фестивалот “Музика од светот“ што во Битола ќе се одржува од шести до осми ноември оваа година.
Главна ѕвезда на Фестивалот ќе биде музичар од светски ранг, едно од најголемите музички имиња кое во современата историја на Битола ќе има свој самостоен целовечерен концерт, маестро Ричард Галијано, виртуоз на хармоника кој  доаѓа од Франција.

Концертот ќе биде на 6 ноември во големата сала на Центарот за култура на свеченото отворање, заедно со квартетот “Тангарија“, кои на публиката ќе им приредат едно магично патување низ музиката.

DSC_0315

-Галијано е голем музичар, национален уметник од највисок ранг во Република Франција, добитник на бројни високи национални награди а оваа година е прогласен за најдобар музичар на класична музика. Последните години има потпишано договор и е дел од “Универзал корпорацијата“  во сферата на класичната музика. Квартетот со кој ќе настапи “Тангарија“ е квалитетен спој на овие врвни музичари- информираше Борче Димитровски, директор на Центарот за култура- Битола.
Инаку, досега на Фестивалот “Музика од светот“ имаат гостувано најдобрите имиња од   македонската музичка сцена што го негува етното и современиот џез, како и  бројни вирутози од Франција, Либан, Турција, Србија.

 

 

В.М.Мл

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*